Thursday, February 26, 2015

Губењето на телесната тежина – Диети и Здравје



Сите сакаме да изгледаме витко и здраво. Но не секогаш го правиме тоа на правилниот начин. Губењето килограми е ноќна мора за секој од нас, бидејќи на тој начин се ограничува храната која ја внесуваме и не смееме да го јадеме тоа што сакаме.

За да се олесни овој процес на држење диета ли губење на килограмите има многу начини. Доволно е да седнеме на интернет и да прочитаме за многу од нив. Наместо да губиме време на броење калории и мерење на нашиот оброк, доволно е нашата исхрана да ја селектираме. Секако ова треба да се прави постепено, секој ден да отфрламе од нашето мени некој оброк и да го замениме со свежа храна. За ефективно намалување на килограмите исто така е добро да се фокусираме на здравите рецепти и здравата подготовка на храната.

Поконкретно тоа значи јадење помалку нездрави работи како: рафиниран шеќер, заситени масти, а поголемо внесување на здрава храна како што е свежо овошје и зеленчук. Со ваквите одлуки донесуваме постепена промена на нашето тело која е многу поздрав начин на губење килограми, отколку наглото слабеење.

Мали трикови за ефикасна диета се, додадете салата во дневниот оброк, со тоа побрзо ќе се заситите и ќе внесете помалку храна, замената на путерот или зејтинот со маслиново масло има свои предности и помалку е калорично.


Со промената на храна или држењето диета , не само што ке ги намалиме килограмите туку ја подобруваме нашата исхрана и здравје. Долгорочна цел на овие промени е подобро здравје, се чуствуваме добро, имаме повеќе енергија, го намалуваме ризикот од рак и други болести.
Големо влијание успешно да се ослободиме од вишокот килограми е умереноста. Треба свесно и умерено да внесуваме хранливи состојќи, тоа значи да јадеме оноклу колку му е потребно на нашето тело а не ние колку сакаме.

На крај од секој оброк треба да имаме чуство на задоволство а не на прејаденост. За одржување на здраво тело треба да имаме рамнотежа при внесувањето на протеини, масти, јаглехидрати, минерали и останати витамини.

Целта на јадењето здрава храна е да развиеме исхрана која ќе ја практикуваме во нашиот живот, тоа да не биде моментално, или само желба да ја постигнеме идеалната тежина за потоа да се вратиме на старите навики. Како доста интересни и научно докажани трикови за успешна диета се следниве :

 Наредниот оброк кој ќе го јадеме се препорачува да го сервираме во помала чинија, визуелно изгледа како чинијата да е полна со храна, и на овој начин го лажете мозокот а со тоа и организмот.


Другиот исто така корисен вели, да избегнуваме да јадеме сами или пред телевизор. Најубаво е тоа да го правиме со пријатели, бидејќи на тој начин комуницираме со луѓето околу нас, храната ја јадеме споро и нашиот желудник брзо се заситува. 

Доколку тоа го правиме пред телевизор немаме претстава колку храна сме внеле и најчесто завршуваме прејадени и осеќаме тегоби.

Со користење на овие трикови ќе ги намалиме секојдневните оброци а со тоа и калориите кои ги внесуваме.

Сепак потребно е само малку трпение за да издржиме, верувајте во себе и резултатите ќе бидат одлични.

1 comment:

  1. I am really surprised by the quality of your constant posts.You really are a genius, I feel blessed to be a regular reader of such a blog Thanks so much..I’m really enjoying the design and layout of your site. It’s a very easy on the eyes which makes it much more pleasant for me to come here and visit more often. Did you hire out a designer to create your theme? Excellent work!
    Onlinekaj.com
    ভিটমেট plz sir Don't delate my comment, It’s dependent my future Thank you..

    ReplyDelete